Холивудскиот убавец Бред Пит бил многу лут на својата вонбрачна сопруга Анџелина Џоли. Актерката одлучила да ги одведе ќерките на дупчење на ушите во Лондон, што на Бред воопшто не му се допаднало. Веќе на сите им е јасно кој го има последниот збор во семејството, бидејќи децата сепак се вратиле дома со обетки.


Извор од салонот изјавил дека постарото девојче избрало 18 каратни обетки. Пиштолот за дупчење било болно искусто за неа, па се расплакала. Поради тоа помладото девојче се исплашило. Анџелина подоцна им купила подароци за да ги расположи.