Анџелина Џоли и бред Пит моментално се наоѓаат во Австралија каде таа го снима својот нов филм „Unbroken“. Иако распоредот и е повеќе од натрупан, таа сепак пронашла време за себе и својот партнер.

Како што јавуваат медиумите, своите шест деца ги оставиле дома и се посветиле на романтично излегување. Уживале на вечера во еден познат ресторан, а на патот до него никако не можеле да ги заобиколат обожавателите кои ја искористиле можноста за фотографирање и автограми.