Најпознатиот холивудски пар Анџелина и Бред Пит, после скромната венчавка во Франција, со своите шест деца, отпатувале на Малта каде уживаат во медениот месец. Сепак, нивниот семеен одмор кратко траел, бидејќи актерот поради новите обврски уште во четврток мора да биде на филмскиот сет.

Поради тоа ова бројно семејство со луксузна јахта испловило од егзотичниот остров на кој отседнале при престојот на Малта. Инаку, Анџелила и Бред се запознале на снимањето на филмот „Господин и Госпоѓа Смит“, по што Бред ја прекинал својата долгогодишна врска со Џенифер Анистон поради Анџелина.