На славниот пар Анџелина Џоли и Бред Пит очигледно не им е доволно што се водечки ѕвезди во Холивуд, што го спасуваат светит и што се родители на многу деца, па станаа и производители на вино. Нивното вино розе Миравал 2014 оваа година ќе биде во понуда по маркетите по цена од 18 фунти за шише.
Но, прашање е дали нивното вино вреди за тие пари, или едноставно го продава само името на производителите. Судејќи по рецензиите на списанијата специјализирани за вино, производот Миравал 2014 на славниот пар е розе вино со вкус на јагодам крушка и овошни ароми, со балансирана и освежвачка киселост. Некои велат дека ова вино е одличен избор за летните оброци.