После заедничкото појавување во филмот „Господин и госпоѓа Смит“ станаа пар. Речиси десет години подоцна, Бред Пит и Анџелина Џоли повторно заедно ќе снимаат филм. Како што странските медиуми, дејството на филмот ќе биде сместено во Европа, а го најавуваат како возбудлив проект кој публиката сигурно нема да го пропушти.
Анџелина го напишала сценариото за филмот. Нејзината последна улога е во филмот „Maleficnet’ кој моментално се прикажува во кината. Ја игра лошата вила од цртаниот филм Запсаната Убавица на Дизни. Бред во последниве месеци собира позитивни критики на сметка на филмот „12 години ропство“ на кој работел како продуцент. Филмот оваа година беше награден со Оскар.