Анџелина Џоли и Бред Пит се вљубиле во 2005 година на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, така да филмскиот сет сигурно им буди романтични спомени. Холивудскиот пар минатата година сними уште еден заеднички филм, „By The Sea“, а се чини дека тука не е крај на нивната соработка на големото платно.

 

Странските медиуми пишуваат дека Бред би можел да заигра во најновиот филм на Анџелина „Африка“. Филмот раскажува за познатиот англиски археолог Ричард Ликеј, а Џоли планира да го режира според сценарио на оскаровецот Ерик Рот. Таа неодамна рекла дека во поголемиот дел од својот живот чувствува длабока поврзаност со Африка и нејзината култура, а сценариото на Ерик потполно ја вовлекло во приказната.