Славниот актерски пар Бред Пит и Анџелина Џоли после неколку месеци усогласување на распоредот, конечно добил прилика да го запознае најпопуларниот британски брачен пар, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, со кој пред неколку дена уживале во традиционална послепладневна шолја чај. Двата славни парови прв пат се сретнаа во палатата Кесингтон во петокот попладне, што за медиумите го потврди портпаролот на палатата, а главна тема на разговор била борбата против нелегалната трговија со диви животински врсти.
Актерскиот пар допатувал во Лондон во петокот наутро поради обврските на Анџелина во Обединетите Нации, а петокот попладне бил резервиран за посета на кралскиот пар кој ги чекал во својата резиденција, палатата Кенсингтон. Кралскиот пар актерите ги дочекал пред вратата на својот дом, а им се придружил и слаткиот наследник, принцот Џорџ кој ова лето ќе наполни две години. Брачниот пар Џоли-Пит на дружењето не повел ниту едно од своите шест деца, иако во тој момент и тие престојувале во Лондон.