Холивудскиот пар наводно почна да бара куќа во еден живописен дел на Англија каде би можеле да се доселат со своите деца. Бред би требало својот следен филм да го снима во Велика Британија и како што јавуваат медиуите, тргна во потрага за куќа во која би живеел со Анџелина и нивните деца. Според таблоидите, куќата ја бараат токму во Сонинг, село оддалечено пет километри од Рединг, местото каде Џорџ Клуни и неговата сопруга имаа десет милиони долари вредна викендичка.

 

Пријател на Бред изјави дека тој мора да снима во Англија до Нова година. Од Сонинг до филмските студија се стигнува многу брзо, а Анџелина и децата би го имале сиот луксуз кој им е потребен. Куќата на Клуни се наоѓа на островскиот дел од селото, а холивудската ѕвезда го сака локалниот паб кој дури и го продава неговиот бренд текила, кој самиот актер го испорачува до барот. Неговата сопруга Амал и Анџелина сигурно ќе имаат многу заеднички теми со оглед дека едната е амбасадор на Обединетите Нации а другата адвокат за чеовекови права.