Познатиот холивудски пар Бред Пит и Анџелина Џоли купиле вила во Италија во брдата близу Верона. Вредноста на вилата била околу 30 милиони долари. Продавачот на недвижности Александер Прато, кој им ја продал вилата, изјавил дека барале нешто ексклузивнo што можат да го купат што побрзо за да можат во Италија да дојдат на семејно летување.


Вилата која ја купиле има седум бањи, 15 спални соби, кино сала, теретана, два базени и огромно џакузи. Со оглед на тоа што парот одгледува шест деца, можеме да разбереме дека за летување им треба многу голем простор.