Бред Пит и Анџелина Џоли после свадбата одлучиле да се почестат со луксузна јахта. Брачниот пар потрошил 250 милиони фунти за луксузна јахта. Упатените тврдат дека актерите планираат да потрошат уште 200 милиони како би ја уредиле токму онака како што сакаат. Како што наведуваат британските медиуми, јахтата ќе ја изработи познатиот италијански бродоградител Кантиери Навали Риѕарди и ќе биде обложена со најскапо дрво и мермер.

На јахтата ќе биде вградена и технологија која ќе ги спречува папараците во обидите да фотографираат, бидејќи ги оневозможува дигиталните фотоапарати да се фокусираат. После тајната венчавка во Франција, парот се наоѓа во Малта каде снима нов филм. А кога веќе се на Малта, одлучиле да ја посетат и нивната морнарица. Анџелина ги посетила пристаништето и флотата, а после тоа екипажот на еден воен брод ја одвел на обиколка на архипелагот.