Актерскиот пар Анџелина Џоли и Бред Пит наскоро ќе почнат со снимање на новиот филм на островот Гозо, а како би биле сигурни дека секој ден ќе имаат најдобри места во ресторанот во близина, тое направиле нешто сосем необично. Имено, одлулиле да го изнајмат ресторанот на плажата на цели три месеци, колку што ќе трае снимањето.

Насловот на нивниот нов филм е „Покрај море“, а ресторанот на брегот на Малта кој го закупиле спаѓа во еден од најпознатите на овој остров. Сандра Вела, сопственичката на овој објект, навела дека парите кои оскаровците и ги понудиле не се доволни како би затворила на три месеци, но дека сепак се согласила бидејќи станува збор за нив двајца. Рекла дека обично заработува повеќе за три месеци, но сепак и било чест да послужува вакви гости.