Холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит ги продале за два милиони долари фитиграфиите од својата венчавка која се одржа на 23 август на југот на Франција, пренесуваат американските медиуми. Актерите фотографиите ги продале на таблоидите Пипл и Хелоу, кои на своите насловни страни објавиле фотографии и детали од венчавката, но не навеле дека ги купиле.
Повикувајќи се на добро известени извори, медиумите во САД пренесуваат дека тие две списанија морале да ги здружат силите како би ги собрале бараните пари за ексклузивните фотографии од венчавката одржана далеку од очите на јавноста. На венчавката имало само дваесеттина гости, во замокот Миравал во Прованса, каде холивудскиот пар има имот и произведува розе вино. Бред и Анџелина се во врска од 2005 година и имаат шест деца, од кои три посвоени.