Бразилската машка фудбалска репрезентација ја одбрани титулата олимписки првак совладувајќи ја попладнево во финалето во Јокохама селекцијата на Шпанија со 2:1 по продолженија, откако натпреварот за златниот медал во регуларниот дел заврши 1:1.

Стрелци за Бразил беа Куње (45+2) и Малком (108), додека голот за Шпанија го постигна Ојарзабал (61).

За Бразил ова е второ олимписко злато во фудбал во третото последователно финале, додека Шпанија остана на еден златен медал, кој го освои на домашен терен во Барселона во 1992 година.

Бронзениот медал во петокот го освои Мексико со триумфот над домаќинот Јапонија од 3:1.