Еден Бразилски татко одлучил својот син да го крсти по Хрватскиот славен фудбалер Роберт Просинечки. Се чини дека тоа бил добар потег бидејќи Роберт Просинечки Да Силва Медина иако има 17 години е голема надеж на Бразилскиот фудбал. Таткото просто е луд по фудбалот, а своите први два сина ги крстил по познати германски фудбалери.


Роберт има бразилско и венецуелско државјанство. Му предвидуваат голем фудбалски успех и се прашуваат за која репрезентација ќе заигра.