Судијата Родриго Хорха Кампос му наложил на универзитетот Бандеиранте од Бразил да и исплати на студентката Геиси Аруди сума од 24 илјади долари како оштета. Кога ја избркале од универзитетот на крајот од минатата година, од универзитетот соопштиле дека не ги почитувала етичките принципи, академското достоинство и моралноста бидејќи носела провокативна и неадекватна облека.


Меѓутоа само еден ден подоцна, поради негативните реакции универзитетот ја повлекол својата одлука. Аруда преку ноќ станала позната, се појавувала на телевизија и лансирала своја колекција на облека. Нејзиниот адвокат размислува да поднесе жалба на пресудата и да побара оштета од 600 илјади долари.