Бразилецот Умберто Фереира дос Сатос решил да ги израмни сметките со семејството да Силва ни повеќе ни помалку, туку на свадбена церемонија. Тој е забележан како во црква вади пиштол и пука, при што ранил три лица. Како што пренесува „Dauly mail“ мета му биле татко и син Сисеро и Едмилсон Барбоса да Силва. На снимката се гледа како напаѓачот чекори смирено позади младенците, по што се врти кон присутните во црквата кои седат на клупа, вади пиштол и пука. При тоа тој извикувал дека нападнатите се виновни за смртта на неговиот син.
Ранетите свадбари се опоравуваат од повредите, а напаѓачот е во бегство.
OhridNews