Бразилецот Матеус Еванжелиста со време од 3 часа 8 минути 36 секунди стигна прв на првиот летечки спринт во Пештани на 37. Охридски пливачки маратон, додека во женска конкуренција за 3 часа 12 минути 54 секунди прва пристигна французинката Каролин Жуис.

Втор во машка конкуренција пристигна хрватот Марин Могич со време од 3 часа 9 минути 38 секунди, додека трет нашиот Евгениј Поп Ацев со време од 3 часа 13 минути 5 секунди.

Втора во женска конкуренција стигна Инес Делакроа со време од 3 часа 13 минути од Франција, додека трета Мајте Пука од Аргентина со време од 3 часа 13 минути 21 секунда.

На првиот спринт Александар Илиевски пристигна осми со време од од 3 часа 19 минути 24 секунди.

По Пештани маратонците продолжуваат кон Лагадин. Вториот спринт е кај Метропол на 19 km. На двата спринта предвидени се награди од по 500 евра во машка и женска конкуренција.

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска