Првиот попис на домашни миленици кој неодамна беше спроведен во Бразил на запрепастување на многумина откри дека во оваа огромна земја има околу 52 милиони кучиња, односно повеќе отколку деца помлади од 14 години, 44,9 милиони. Бразилскиот институт за географија и статистика соопшти дека 44,3 проценти од домаќинствата имаат куче, што во просек изнесува 1,8 куче по домаќинство.

 

Што се однесува пак до мачките, тие на 202 милиони жители ги има 22,1 милион. Присутни се во 17,7 проценти од домаќинствата, што во просек изнесува 1,9 мачка по домаќинство. Најмногу кучиња има во развиениот јужен дел на земјата, додека најмалку има во сиромашните, североисточни делови на Бразил. За мачките важи спротивно, на северот и североистокот има најмногу, додека на југоистокот и западот помалку.