“Заедно, сложно, без поделби,ја одбравме надежта пред стравот заедништвото пред поделбите”
(Ѓорѓе Иванов)
Конечно, и претседателот Иванов е испровоциран и ставен е во искушение со неговиот разумен компромис. Нему, како и на покојниотБорис Трајковски, му дојде преку таквото, преку глава, де, од еврогрчкото насилие и,ете, сполај му на Бога, извика и гласно и јасно дека никој не смее , па, ниту ЕУ,ниту ООН, да ни чепкаат во идентитетот! Никој! Со овие зборови , како да сака да порача до Европјаните: најпрвинтие да си ги сменат имињата, па потоа да разговараме на таква тема,
Браво Претседателе! Браво за првото Ваше гневно извикување! Прво, па машко! Да се знае! Токму таков претседател и ни треба! Да знае кога е доста од напади и навреди! Оваа изјава и став треба само да се потврди , но и да се поддржи и од страна на Премиерот и од страна на сета Позиција и Опозиција и , се разбира, од сите нас. Претседателе, време е да организирате средба со граѓаните , па макар таа да биде и на 19 декември 2009, на денот на визната либерализација! Тогаш, токму тогаш,повикајте нè да се собериме уште еднаш , стотина илјади Македонци на плоштадот Македонија во главниот град на Република Македонија и тогаш Вие извикнете на наш Македонски јазик пред сите и пред стотици светски камери и медиуми дека Македонија не смее и не сака под друго име и под друга форма во Европа.
Да го развееме на 19 декември нашето знаме и знамињата на 127-те светски земји кои не признале под уставното ни име, кои ја потпишале и ја почитуваат конвенцијата за човековите права. Нека одекнат тогаш во еден здив и во еден миг ѕвоната на сите македонски камбани ширум Македонија и ширум светот за да разбере европратеникот , еврокомесарот и евродипломатот дека не постои сила која може да уништи еден народ! Не постои консензус кој ќе ја изнуди македонската еутаназија, македонското самоубиство преку предавство.Нема и не ќе се роди Македонец од родот македонски кој ќе има “такви мадиња” да потпише обезличување и себеодрекување. Не постои Македонец кој ќе може да се спротивстави на безбројни генерации Македонци кои и во многу полоши времиња го закрепија и одржаа името Македонија! Не! Европа е премала цена за да се продадеме и обезличиме. Европа е премала во однос на Македонската Древна Империја на Филип и Александар за туку-така да се прекрстиме од ортодокси во римокатолици! Од Богови – во морони!
Европа, со ваквиот борделски однос, навистина не го заслужува нашето внимание, доколку сака да нèобезличи! Нам , на Македонците ни требаат пријатели кои ќе ни дозволат да им кажеме што мислиме барем за себе,а тие да го прифатат тоа наше свето и вечно име! За среќа ги имаме барем 127 земји наши почитувачи и само поради нив треба да издржиме во нашите сосема оправдани и едноставни барања да бидеме она што со милениуми сме – Македонци !
Деветнаесетти декември е добар повод да го покажеме и нашето достоинство. Да му покажеме на светот дека отворените врати кон светот не нè залажуваат дека светот е наш. Не! Нема пошироко место за работа и за живеење од својата татковина.Така ,како што размислуваше и Гоце, и јас денес, сум убеден дека во слободната татковина има многу повеќе убавини отколку во сите други земји заедно. Треба само да го цениме она што го имаме и да работиме. Ни треба малку повеќе патриотизам во градите и повеќе верба христијанска за да го достигнеме идеалот на живеењето : скромни по богатство ,а богати по дух да живееме од Македонија и за Македонија!Колку малку народ сме си овде, а колку многу леб може да роди оваа наша Македонија!
Дим Дон(еден од вас)
Авторот е претседател
на здружението на граѓани
РОДОЉУБИ СВЕТИ ИЛИЈА