Екипата на “Братство“ го победи “Христо“ со 2-0 (25-13, 25-19) во финалето на хуманитарниот турнир кој претпладнево се одигра во салата “Билјани Извори“ во Охрид. Одбојкарскиот турнир се одигра под мотото ” Со Тоше во срцата, со љубов кон децата” во чест на роденденот на големиот хуманист и пејач Тоше Проески, чиј што омилен спорт беше одбојката.


Турнирот го отвори и прв сервираше градоначалникот на Охрид , Александар Петрески.
М.П.