Одбојкарските екипи на основните училишта “Братсво Единство “ и Христо Узунов“ ќе играат во финалето на одбојкарскиот турнир кој втора година по ред се одржува во чест на роденденот на Тоше Проески.


На турнирот кој е во организација на Сојузот за училишен спорт-Охрид, Црвениот Крст – Охрид и Ј.П.Билјанини Извори-Охрид, учествуваа сите основни училишта.


По одиграните елиминациски натпревари големото финале на хуманитарниот турнир под мотото СО ТОШЕ ВО СРЦАТА, СО ЉУБОВ
КОН ДЕЦАТА ќе се одигра во понеделник во 11 часот
во спортската сала “Билјанини Извори”.

Ohridnews