Филипо и Симоне Инзаги освоија бод во братската пресметка, откако вечерашниот натпревар помеѓу Беневенто и Лацио, во рамките од Серија А, заврши без победник 1-1.
„Лацијалите“ добро го отворија мечот и поведоа со 1-0, благодарание на капитенот Чиро Имобиле. Сепак, домаќините до финишот на првиот дел преку Пасква Чатарела изедначија. Во второто полувреме мрежи мируваа, но страстите се разгореа. Чатарела после еден груб старт заработи директен црвен картон, а Лацио во завршните моменти не успеа да ја капитализира бројчаната предност.
- Резултати:
Серија А: Удинезе – Кротоне 0-0, Беневенто – Лацио 1-1
Премиер лига: Вулверхемптон – Челси 2-1, Манчестер Сити – ВБА 1-1
Бундес лига: Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Менхенгладбах 3-3, Херта – Мајнц 0-0, Штутгарт – Унион Берлин 2-2, Вердер Бремен – Борусија Дортмунд 1-2
Примера: Реал Мадрид – Атлетик Билбао 3-1
OhridNews