Секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето З.Ј. (44) од Охрид, поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека е сторител на едно кривично дело помагање во врска со извршено кривично дело убиство. Од страна на Истражен Судија, него му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Од дополнително преземените мерки, СВР Охрид, го поврзува осомничениот со убиството извршено во почетокот на месец декември минатата година  врз лицето Александар Ангелески од Охрид. Како можен сторител на ова грозоморно убиство, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ж.А. – брат на убиениот.

Според сознанијата, притворениот З.Ј, му помогнал на Ж.А.  да се ослободи од телото на жртвата. Тие со автомобил фиќо го транспортирале распарченото тело и го рафрлале на повеќе места покрај патот кој води за Велестово.

Грозоморното убиство на Александар Ангелески се случи на 3 декември 2009 година.

Ohridnews