Братот од ѕвездата на Тотенхем, Серхи Ауриер бил застрелан на улиците во францускиот град Тулуз, пренесуваат светските медиуми.

Телото на братот од Ауриер било пронајдено во 5 сатот утрово од случајни минувачи. Смртта била констатирана во болницата во Тулуз.

Француската полиција најави целосно расчистување на случајот и пронаоѓањето на сторителите на свирепото убиство.

OhridNews