Охридската полиција за  убиството на триесет и едно годишниот Александар Ангелески го сомничи братот на жртвата, Живко Ангелески-роден 1975 година. Според првичните неофицијални наоди од истрагата убиството било извршено во семејната куќа.

Александар бил усмртен со секира која била пронајдена од полицијата. Против осомничениот СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава за убиство, по што тој ќе биде изведен пред исттражен судија.

Во полициската станица во Охрид на информативен разговор биле повикани и мајката и снаата на убиениот, и се утврдува евентуалната нивна поврзаност со случајот.

Полицијата имала сознанија за одредени недоразбирања кои ги имале двајцата браќа, но се уште точно не е утврден мотивот за убиството, кое ги вознемири граѓаните на Охрид.

Ohridnews