Откако ја презеде улогата на покојниот брат како би завршило снимањето на филмот „Брзи и жестоки 7“, Коди Вокер одлучи дека повеќе нема да биде болничар. Коди одлучи да стане актер, а сега му е понудена улога во филмот ‘Men Of Courage’, кој ја раскажува приказната за јунаци на брод на американската морнарица во Втората светска војна.

 

Во филмот ќе настапува покрај Николас Кејџ и Том Сајзмор. Коди ќе ја игра улогата на јунак кој преживеал напад од ајкули додека бил на воена мисија. Изјави дека е среќен што продуцентите го препознаа неговиот актерски талент.