Братот на поп ѕвездата Мадона, Ентони Чиконе, заработил девет копци на челото додека се спротиставувал на апсењето од страна на полицијата во јавен тоалет во северен Мичиген. Како што било наведено во извештајот, полицијата била повикана во неделата ноќта кога Чиконе одбил да го напушти јавниот тоалет во Траверс Сити. По обидот на еден полицаец да го уапси, братот на Мадона почнал да се противи, а полицаецот го соборил на земја. Чиконе удрил со главата на подот и се здобил со повреда.
Нивото на алкохол во неговата крв било 0,4 промили, а дозволеното ниво за возење е 0,08 промили. Не се знае дали некој адвокат ќе го застапува додека тој се наоѓа во завтор. Портпаролката на Мадона одбила да го коментира инцидентот.