Потвдено е – Кристофер Чичоне, братот на славната Мадона, пишува книга за својата сестра, а тие мемоари веќе се продадени на издавачката корпорација Сајмон и Частер, кои книгата ќе ја објават во 350 000 примероци.

Она што е интересно е тоа дека Сајмон и Частер наговориле многу продавници да ја откупат книгата потполно на слепо, т.е да купат одредена количина незнаејќи дека во книгата се работи за Мадона, нити кој ја пишува-успеале да ги земат првите нарачки само врз основа на тоа дека објавуваат „биографија на славна личност“, без никакви детални информации.


Таа тактика за издавачите се покажала успешна и претходно, на пример кога во 2006 година Вилијам Мороу најавуваше таинствена книга која ќе разоткрие детали од животот на една неименувана особа. Многумина загризале, а подоцна се увидело дека се работи за книгата за принцезата Дијана, во која се за неа открил батлерот Пол Барел.

Проблемот лежел во тоа што Батлер веќе имал напишно книга за Дијана, па втората веќе не се продавала, па целиот деловен потег ги разлутил книжарниците кои книгата ја откупиле на слепо.