Џулија Робертс била вознемирена од изјавите на нејзиниот брат на едно телевизиско шоу. И засметало тоа што на телевизиското појавување ги допрел старите семејни тајни кои сите ги потиснале бидејќи негирањето било најдобриот начин да се носат со болката. Имено, Ерик Робертс, раскажал дека неговата мајка го злоставувала додека бил дете.
Раскажал дека со текот на времето научил да се носи со тоа. Џулија наводно не можела да поверува дека зборувал за тоа, но тој во тоа не гледал ништо лошо. Вели дека тоа е минато, нешто што се случило, и тој тоа не сакал да го игнорира и да се прави дека никогаш не се случило.