Жител на Велешта роден 1971 пукал и се обидел да го убие својот брат роден 1981 година.
Инцидентот се случил ноќеска пет минути по полноќ во селото Велешта, информираат од СВР Охрид.
Осомничениот прво го удрил со пиштол својот брат, а потоа пукал и го повредил во пределот на слабината. Поцредениот е пренесен во општата болница во Струга и се наоѓа надвор од животна опасност, информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Осомничениот избегал од местото на настанот и по него трага полицијата.
OhridNews