На економскиот форум на претсдатели на земјите од ЈИЕ, кој деновиве се одржа во Охрид, присуствуваше и   Љубе Бошковски. Иако  не беше на официјаната листа на поканети, рече дека сакал да слушне како за регионалните проблеми размислуваат претседателите.

Со оглед на се’ погласните шпекулации дека тој ќе се појави како претседателски кандидат на пролет, го прашавме  дали на претседателите присутни на форумот  гледа како на идни колеги?

-Сеуште заедно со мојот тим работиме за стратегијата за периодот што следи, за изборите кои доаѓаат во март месец“, изјави Бошковски. Иако е рано да зборува за тоа,  сепак доколку влезам во предизборна кампања,овие искуства и средби со актуелните претседатели ќе ми бидат од  корист, додаде Бошковски.

Росица Голабоска