Реми Урбано, момче кое има седум години, многу сакал мачка за домашно милениче, но неговите родители не сакале да се сложат со одлуката па направиле мала семејна кладба. Договорот бил доколку неговата мајка успее да собере 1000 лајкови со објава на фотографија дека Реми сака мачка, тогаш момчето и неговата помала сестра и ќе добијат мачка. Неговата мајка ги фотографирала како држат бела табла на која пишувало: Здраво Фејсбук! Мојата сестра и јас многу сакаме да добиеме мачка! тато ми вети дека ќе добиеме ако собереме 1000 лајкови! Ве молам, ставете лајк на оваа фотогарфија! Ви благодарам“.
Мајката платила седум долари како би ја промовирала објавата на фотографијата и ја објавила на својот профил. После само неколку часа било јасно дека децата ќе ја добијат мачката. Во помалку од една седмица фотографијата имала неверојатни 115 илјди лајкови, 105 илјади пати била поделена и имала преку 10 илјади коментари. Родителите го исполниле ветувањето и Реми и неговата сестра добиле мачка.