Еден месец по одржаните собранија двете спротиставени страни се обидуваат да го докажат својот легитимитет.

На собранието од 25 март добивме легитимитет од четири од вкупно седумте кајак-кану клуба кои егзистираат во Македонија,одлуките се заверени и во централниот регистар вели генералниот секретар на Кајак кану Федерацијата за кајак и кану на мирни води на Македонија , Љупчо Пинтоски.

Според новото раководството на Струшкото собрание поништени се сите одлуки донесени на вонредното собрание одржано на 19 мај 2006 година. Ова вонредно собрание е прогласено за неважечко по што на сила повторно се важечки одлуките од Охридското собрание одржано во јануари 2005 година. Меѓу позначајните одлуки е изборот на новиот претседател,функцијата ја презеде Ристо Чуркоски, потоа сменет е печатот, штембилот,амблемот и федерацијата доби ново име-Федерација за кајак и кану на мирна вода на РМ.Седиштето од Скопје федерацијата го префрли во Струга. Новонастанатите состојби на 30-ти март уредно се регистрирани во регионалната канцеларија на централниот регистар.


Аргументите се на наша страна-Пинтоски

Сепак речиси еден месец по донесените одлуки , состојбите во кајак-кану спортот не се променија,постојат две спротиставени страни, кои меѓусебно се негираат.

“Јас навистина жалам што по сите овие одлуки клубовите “Дрим“,“Радика“ и “Стрмец“ и понатаму ја бојкотираат работата на оваа федерација“ вели Љупчо Пинтоски. Според него новото раководство ќе стори се што е во нивна моќ завојуваните страни да седнат на заедничка маса и да ги испеглаат разликите. Првиот чекор е напаравен – испратени се дописи до председателите на трите клуба (Дрин-Струга,Радика-Дебар и Стрмец-Охрид) , но и до градоначалниците на општините од каде потекнуваат клубовите и тие да се вклучат во решавањето на спорот.

Како тргнале работите решение на проблемот за брзо време нема да има. Во случајов најмногу губат оние који требаа да бидат во преден план – спортистите. Изгледа некој заборавил дека кајак-кану како спорт има долгогодишна и успешна традиција на овие простори.

        Ненад Цветанов