Благодарение на големите бранови кои овие денови ги имало на израелскиот брег на Средоземното море, откриена била римска статуа која со векови била под вода. Белата мермерна фигура на жена во тога и со сандали на нозете била најдена покрај некои карпи во древното пристаниште Акселон на југот на Израел.
Статуата нема глава ниту раце, а висока е 1,2 метри, тежи околу 200 килограми и датира од времето на римската окупација на тогашната Западна Јудеја пред 1800 до 2000 години. Ќе биде изложена во музеј, а на истото место биле пронајдени остатоци од римски тоалет и мозаик. Меѓутоа, поради брановите, останатие археолошки наоѓалишта во Израел претрпеле огромна штета, па така статуата не предизвикала голема радост.