Овие вонредни активности кои ги спроведува претпријатието се по налог на комуналната инспекција. Притоа е ангажирана и механизација за отстранување на отпадот од езерските води и негов транспорт и за таа цел ангажирани се 10 работници.
Се работи и на потегот од пристаништето до х.Палас од каде се подигнати 15 тури на отпад- пластика, реса, муљ или околу 67 кубици отпад. Дел од отпадот ќе се расчистува рачно.
Од понеделник екипите ќе ја продолжат работата на кејот пред хотел Милениум.
фото: Емилио