Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“, вечерва ќе биде отворена самостојна изложба на слики под наслов „Бранови и мисли“ од Наташа Попоска Карче.

Д-р Наташа Попоска Карче е родена 1972 година во Охрид. Стоматолог по професија, од 2013 година, почнува да го моделира и создава својот ликовен и интимен сензибилитет создаваќи реални, но и имагинарни пејзажи кои го отсликуваат нејзиниот динамичен и исполнет живот.

Во август 2016 година, ја одржува самостојната изложба во Охрид на Терасата во Аквариус, а во јули 2017 година, учествува на манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца.

Длабоко во нив, помеѓу четката и платното можеме да следиме сенки, да го допреме дното, да ја чуеме тајната на езерото…

Изложбата ќе биде отворена во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 19 часот.

OhridNews