Институтот за истражување на пристаништата и аеродромите го измерил во населбата Офунато, префектура Ивате, бранот цунами, што избриша од географската карта цели крајбрежни градови, пишува весникот.
Најмоќниот бран од овој вид, кој некогаш ја погодил Јапонија по силен земјотрес, бил измерен во 1896 година – 38,2 метри.
Мерењето на висината на последното цунами е извршено со помош на системот за глобално позиционирање и други алатки за мерење. Како резултат на овој катастрофален бран била преплавена територија со површина 400 кв / км., но може да се претпостави дека таа е уште поголема, бидејќи не е направена анализа на целата површина.
извор: Makfaks