Бранителот на трофејот Вис Пој на пенали со 5-3 го совлада Жито Леб и се пласираше меѓу најдобрите осум на турнирот.

Први во предност дојдоа “жолтите“ и тоа на средина од првиот дел со голот на Мурџоски од дистанца.

По голот “портокаловите“ се разиграа, а погодок постигнаа по нивното најсилно оружје, играта од прекин. Стрелец на изедначувачкиот гол беше Ѓорѓиевски, резултат со кој се замина на одмор.


По изедначениот старт на втор дел, повторно во предност дојде Жито Леб, овој пат со голот на Зиба. 

Но Вис Пој го има Ѓорѓиевски, кој со вториот гол на мечот повторно го изедначи резултатот.

Сигурните интервенции на Лазески во тимот на Вис Пој и Гиноски кај Жито Леб го однесоа мечот во пенали.

Единствено Ѓоршески погоди за тимот на Жито Леб, додека Крека, Мурџоски и Искаку не ги реализираа ударите од линијата за седум метри.

Кај Вис Пој прецизни беа  Пазаркоски Димче, Пазаркоски Илче и Колоски.

– Желбата за победа не одведе до четвртфиналето. Бевме на два пати во негатива но успеавме да се вратиме и да славиме победа на пенали. Не очекува познат противник со кого и лани ги одмеривме силите, очекувам интересна борба и наш пласман во полуфиналето – рече двојниот стрелец Ѓорѓиевски.

Во четвртфиналето ќе се сретнат екипите на Вис Пој и Сатеска.

Ohridnews