– Се повлекувам од советничката функција и во наредниот период целосно ќе се посветам на „Проаква“, изјави за „Ohridnews“, Трпчески.
Местото на Трпчески во Советот ќе го заземе следниот на советничката листа. СДСМ на локалните избори освои 7 советнички мандати, а осми на листата за членови на Советот е Климе Тренески (1961) – квалификуван автомеханичар и приватен стопанственик.
Престанокот на мандатот на Трпчески ќе биде констатиран на седмата седница на Советот што ќе се одржи на 30 септември, кога ќе биде и верификуван мандатот на новиот советник.