Иако веќе некое време стигнуваат извештаи за бракот кој е при крај, Гај Ричи за прв пат прозборува во јавноста за сите работи, и исто како Мадона ги негира информациите за брачните проблеми.
Гај Ричи конечно прекина со молчењето и јавно се изјасни за неговиот брак со Мадона. Појавувајќи се на меѓународниот собир Comic-Con во Сан Диего, Ричи делувал мирен и задоволен, а на прашањето дали со неговиот брак се е во ред, едноставно рекол да, „колку тој знае, да“.
Тешко е помеѓу контрадикторните информации да се сфати што е вистина. Додека од една страна стигнуваат информации за распаѓање на бракот, славниот пар се држи до приказните за брак без проблеми, а некои медиуми пренесуваат дека наскоро планираат да ги обноват брачните завети на кабалистичка церемонија.
Во меѓувреме Мадона во јавноста се појавува исцрпена, бледа и слаба, па ако нивниот брак не е во криза, се чини дека целата ситуација потешко и паѓа неа, отколку на Ричи.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com