Свадбата на Ким Кардашиан и раперот Кање Вест предизвика голема еуфорија ширум светот, но само после 46 дена откако се венчани се појавија информации дека бракот им е во криза. И тоа наводно затоа што на Кање му оди на нерви однесувањето на неговата сопруга.

Проблемите почнале уште на медениот месец во Ирска каде Кање сакал да одат на туристички разгледувања и да посетат музеи, но тоа не ја интересирало. Таа се лутела и на крајот го убедила да одат во Мексико. Наводно, Кање дури сега гледа дека нејзина главна занимација е купувањето и излежувањето покрај базенот, па веројатно му смета тоа што таа не сака ниту да се обиде со некои нови нешта, туку сака да живее така површно.