Актерката Џулија Робертс е во брак со камерманот Даниел Модеро од 2002 година, но се чини дека дојде моментот да се разделат, а причина е што на нејзиниот сопруг му е „доста од се“, навел извор близок до парот. Изворот вели дека Дани повеќе не чувствува дека тие двајца и понатаму се вистински партнери. Во нивната врска отсекогаш главна била Џулија и се било по нејзино. А таа е многу емотивна, и во еден момент може да вика а веќе во следниот да се извинува. Постојано го обвинувала сопругот за се, а нему му дошло преку глава.
Меѓутоа, ниту на актерката не и е лесно во последниве две години. Најпрво остана без полусестрата Ненси, а потоа и без мајката Бети. После смртта на Ненси, Џулија доживеа емотивен слом, бидејќи во тој период морала да се соочи со болеста на нејзината мајка. И било уште потешко после смртта на нејзината сестра бидејќи ја означиле како виновник за нејзиното самоубиство, а таа објаснувала дека Ненси се предозирала случајно.