Бразилската манекенка Адриана Лима и српскиот кошаркар Марко Јариќ веќе два месеци не комуницираат преку Твитер, на кој претходно редовно ги известувале пријателите и обожавателите за се што прават заедно. Славниот пар веќе извесно време не објавил ниту една заедничка фотографија, со што поттикнале гласини дека се разведуваат. Гласините се зголемиле кога еден германски таблоид објавил дека повеќе не живеат заедно и дека Лима наводно веќе има нов партнер.
Судејќи по последните објави на славната убавица, се чини дека ниту Велигден не го минале заедно. Таткото на српскиот кошаркар не сакал да зборува за евентуалниот развод на својот син. Рекол дека не сака ништо да каже, ниту дека е точно, ниту дека е неточно. Едноставно не сакал да коментира такви глупости. И сестрата на кошаркарот , Тамара Јариќ, исто така одбила да говори на таа тема. Адриана и Марко заедно се осум години, од кои пет во брак и имаат две ќерки.