Браќата на Пол Вокер ќе се најдат на неговото место како би помогнале да се заврши снимањето на „Fast and furious 7“, филмот кој Пол го снимал кога погинал во сообраќајна несреќа во ноември. Кејлеб и Коди Вокер ќе ги завршат акционите сцени на својот брат и ќе ги пополнат малите празнини во продукцијата, пренесуваат светските агенции. Продукцијата на „Fast and furious 7“ неодамна е продолжена откако била прекината поради смртта на Пол.

Вокер погина во сообраќајна несреќа на 30 ноември во близина на Лос Анџелес заедно со својот пријател Роџер Родас. Полицијата утврдила дека причина за несреќата била неприлагодената брзина. Премиерата на „Fast and furious 7“ е одложена за април 2015. Филмот кој го режира Џејмс Ван и во кој играат и Вин Дизел и Тајрис Гибсон е „препакуван“, како би се вклопиле сцените во кои треба да се даде завршинца на ликот на Вокер.