Братскиот тандем Бојан и Валентино Белевски и следната сезона ќе го носат дресот на Ракометниот Охрид откако ја продолжија верноста.

– Го потпишавме договорот со кој остануваме во средина каде можеме добро да се снајдеме и средина каде владее одлична атмосфера. Му благодариме на клубот за довербата и се надеваме дека нашиот придонес ќе го дадеме и во наредната сезона во која очекуваме поголеми клубски успеси – изјавија браќата Белевски по потпишувањето на договорот.

Од постигнатиот договор со братскиот тандем искажа и првиот човек на клубот, Димитар Спасески.

– Навистина ми е чест што ќе можеме и понатака да соработуваме со ракометари кои ја исполнија зацртаната цел за оваа сезона, а тоа е опстанок во ВИП машката Супер лига. За наредната сезона целите ќе бидат поголеми, ќе напредуваме од година во година,  односно ќе се бориме и за повисоко место на табелата. Нашата труд по преземањето на клубот  исплива на површина, односно ја постигнавме посакуваната цел за оваа сезона. Во наредниот период договорите ќе бидат продолжени и со другите играчи, а во финална фаза се преговорите за неколкуте засилувања кои се планирани за оваа година – рече Спасески.

По комплетирање на составот со новите засилувања и продолжување на договорите со старите ракометари „гладијаторите“ ќе ги започнат подготовките за следната сезона.

Ohridnews