Тројца браќа тргнаа во својот поход на Монт Еверест на чиј врв ќе пробаат да преседат 24 часа, што би било и светски рекорд бидејќи поголемиот број алпинисти таму поминуваат само неколку минути за да се фотографираат. Според планот заедно со својот тим, целата опрема и залихи во следниве денови би требало да пристигнат на Хималаите.


Браќата планираат своето качување на врвот  висок 8850 метри да трае околу еден месец. Поради екстремните услови овој врв уште се нарекува и зона на смртта.