Коби Брајант и Двајт Хауард  ќе ги предводат стартните петорки на Западната и Источната конференција на 60-тото издание на натпреварот на сите ѕвезди во НБА лигата, кој на 20 февруари ќе се одржи во Лос Анџелес.


Коби Брајант која на „Ол Стар“ натпреварот ќе настапи по 13-ти пат, доби најмногу гласови од фановите, вкупно 2,3 милиони. Двајт Хауард центарот на Орландо собра најмногу гласови на истокот, 2,09 милиони.

Покрај Коби Брајант во стартната петорка на Западната конференција ќе се најдат Кевин Дурант (Окалхома), Крис Пол (Њу Орлеанс), Кармело Ентони (Денвер) и Јао Минг (Хјустон). Кинезот поради повреда нема да настапи, а неговата замена ќе боде дополнително одредена.

Во петорката на Источната конференција покрај Хауард ќе играат Дерик Роуз (Чикаго), Двејн Вејд (Мајами), Леброн Џејмс (Мајами) и Амари Стадемаер (Њујорк). Дерик Роуз е првиот играч на Чикаго во стартната петорка по 1998 година, додека по 20 години, Амаре Стадемаер е првиот играч на Њујорк кој ќе стартува на натпреварот на сите ѕвезди.

Лос Анџелес по петти пат ќе биде домаќин на „Ол Стар“ натпреварот, предходно тоа се случи во 1963, 1972, 1983 и 2002 година.


“извор Макфакс“

Ohridnews