остануваат историја за своите тимови – Бирд и Вест
Кевин Гарнет постигна 19 поени за Бостон Селтикс на натпреварот против Вашингтон Визардс, со што дојде до бројка од вкупно 21 792 постигнати поени во кариерата. Така Гарнет го завзеде 24-тото место како најдобар стрелец во историјата на НБА, кое досега му припаѓаше на легендата на Бостон, Лери Бирд со вкупно постигнати 21 791 поени. Бостон славеше со 99-88, но победата падна во сенка на повредата на нивниот капитен Пол Пирс, кој најверојатно има фрактура на стапалото па ќе мора на операција.