Познатиот музичар Брајан Адамс за кого неодамна било откриено дека чека дете со својата асистентка, наводно веќе две години има друга девојка. Откако се појавила веста за бременоста на неговата асистентка, Алиса Грималди, која би требало да се породи во мај, пријателите на Адамс биле шокирани, бидејќи популарниот музичар веќе две години се забавувал со Антониа Харисон.


Брајан и Антонија не се појавувале заедно во јавноста, но нивните блиски пријатели знаеле дека се во врска и често биле забележувани заедно во еден ресторан во близина на домот на Адамс. Тие исто така биле поврзани и со работата, бидејќи Антониа работела во маркетинг агенцијата со која соработувал Брајан.