Канадскиот пејач прв пат ќе стане татко на 52 години, соопштиле британските медиуми. Брајан Адамс многу ретко зборува за својот приватен живот и веста сеуште никој не ја потврдил, но пријател на парот тврди дека првата асистентка на пејачот, Алисиа Грималди ќе роди оваа година.


Истиот извор изјавил дека многумина сеуште не знаат дека се во врска, но и дека таа веќе живее заедно со него во неговата куќа. Алисиа исто така не сакала да ја коментира веста.